„Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дајанчо Ефтимов во своето вечерашно гостување во емисијата ‘Патот кон’ на ТВ Алсат рече дека политиката на официјална Софија не е основната пречка за почетокот на пристапните преговори, туку дека власта во Скопје доцни со спроведување на потребните реформи.’ – објави ТВ Алсат.
На својот интернет-портал ТВ Алсат ги пренесува ставовите изнесени во оваа дебатна емисија: „Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Ефтимов нагласи: ‘Во последната извештајна, 2021 година имаме средна оцена од 1,52. Никогаш досега не сме имале толку ниска оценка во однос на напредокот на поглавјата и усогласувањето на македонското законодавство со правото на ЕУ, како и усогласување на потребните критериуми. Тоа е така, бидејќи власта не ги спроведува реформите.“
„Исто така, и Халил Снопче, пратеник од Алијансата за Албанците во ‘Патот кон’ укажа дека Бугарија не е единствената причината за недобивањето на датумот за почеток на преговорите со ЕУ. ‘Неколку пати по ред не успевавме да го добиеме датумот за отворање на преговорите и државата се оправдуваше дека причината е Бугарија. Но, ние мислиме дека Бугарија ниту е единствената, ниту е вистинската причина за недобивање датумот, бидејќи продолжуваме да имаме проблеми и продолжуваме да не ги спроведуваме реформите, кои што ни беа одредени.’ – рече Снопче.“
„Според пратеничката Арта Билали-Зендели од ДУИ, ќе биде многу полесно, ако остане моментната Влада, што е во Бугарија. ‘с.Македонија доби позитивна препорака пред неколку години, но потоа методологијата се промени на предлог на Франција. Оттогаш се појави и бугарското вето. Со оглед на неодамнешните случувања со владејачката коалиција, пратениците и другите во Бугарија, имало волја за укинувањето на ветото. Поблиску сме од кога било досега во поглед на отстранување на бугарското вето.’ – наведе Билали-Зендели.“
„Пратеникот од СДСМ Диме Велковски во вечерашното гостување во емисијата ‘Патот кон’ на ТВ Алсат изрази оптимизам дека државава конечно ќе ги започне пристапните преговори со ЕУ. ‘Не само што го заслужуваме тоа, туку е потребна и целосна интеграција на Западниот Балкан во ЕУ. Право за оптимизам ми дава и Холандија, која што посочи дека Македонија треба да ги отвори преговорите. Ќе биде исправена неправдата, што ни беше нанесена овие години.“





