Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 842 тестови, а регистрирани се 60 нови случаи на КОВИД-19:
Од нив во Скопје – 52, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Штип, Гевгелија и Ресен – по 1.
Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 16 реинфекции.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (56г) и Охрид (73г). Од починатите, едно лице е починато во болнички услови, а едно во домашни услови. Лицата се починати во период од 05.05. до 08.06.2022 година.
Регистрирани сe 63 оздравени пациенти.







