Во гласање во бугарското собрание со 125 гласа за, 113 гласа против и 1 воздржан
разрешен е Никола Минчев од Претседател на Собранието на Република Бугарија.
Минчев е еден од најблиските соработници на премиерот Петков во партијата ,,Продолжуваме со промени” која го загуби мнозинството со парламентот.
Со гласањето актуелната влада на Петков нема мнозинство во Собранието, но сепак тоа не значи дека опозицијата автоматски добива мнозинство и можност да направи нова влада.
Според бугарскиот Устав сега Петков може да направи обид за формирање на ново мнозинство и влада, но доколку не се успее тогаш следуваат службена влада и предвремени избори.
Петков предходно најави дека до собранието ќе поднесе француски предлог за кревање на ветото кон Македонија.






