Сменет претседателот на бугарскиот парламент

Бугарските пратеници гласаа за оставка на Никола Минчев од функцијата претседател на Народното собрание, откако 120 пратеници вчера поднесоа таква иницијатива.



За гласаа 125 пратеници, против 113, воздржан 1.

„Вистинската причина за барањето моја оставка е иста како и зад гласањето за недоверба следната недела. Во пленарната сала има ново мнозинство“, рече Мнчев од говорницата. Според него, новоформираното мнозинство не само што не носи промени, туку цврсто ќе го зачува стариот модел.

Во таков парламент уште подобро е да не бидам претседател, оти испадна дека тие што требаше да бидат збришани сега сакаат да ме збришат. Ако треба да избереме нов претседавач, сакам тој или таа да биде објективен како што се обидов јас“ рече Минчев.