Коѕијас: Македонија е дар од Бога, но има погрешен кум

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, разликите околу името не значи дека неговата земја е против постоењето на Македонија, но смета дека главниот проблем е иредентизмот на северниот сосед.
„Всушност, во односите меѓу Атина и Скопје има два проблема – првиот е иредентизмот, а вториот е чувството кај нив дека Грција не сака да постои нивната држава. Таа земја е дар од Бога, но имаат погрешен кум. Сакам да кажам дека разликата околу името не значи дека Грција не го сака постоењето на оваа држава или дека сака нејзин распад“, изјави шефот на грчката дипломатија.
Тој потсети дека двете земји ќе формираат комисија за ревизија на учебниците и ќе се обидат да ги надмине несогласувањата околу историскиот спор. Таква комисија е веќе формирана меѓу Грција и Албанија, кои досега се усогласиле за 10 од 12 сектори, а преостанатите два се тешки, бидејќи задираат во историјата и во географијата.
Коцијас истакна дека во изминатите две години Македонија и Грција промовираа мерки за градење доверба, кои во почетокот не наишле насекаде на поддршка, но денес се целосно поддржани и од двете земји и од меѓународната заедница. Тој додаде и дека се работи на отворање на граничниот премин кај Преспа.