Во системот „топло-ладно“, МЗТ оди кај најсилниот

Две победи и три порази има нашиот кошаркарски првак во Јадранската лига во петте воведни рунди. Ефект што не е лош, но тој, според играта и развојот на настаните на терен требаше да биде уште подобар. МЗТ Скопје на затворањето на 6 круг гостува кај Црвена Звезда што во основа е проблем бидејќи сино белите до сега го победиле овој противник само еднаш во десет обида (2013 година: 65-580 во Скопје), а никогаш не се заканиле на негов терен во петте гостувања.
За ресурсите играчки на домаќинот не треба да се трошат зборови бидејќи тој сепак настапува и тоа сосема солидно (има две победи во 4 кола) во најквалитетното кошаркарски натпреварување на континентот, Евролигата.
МЗТ Скопје попладне во салата Алаксандар Николиќ од 18 часот оди со нов центар Спасојевиќ кој го замени Џенсен, а во тимот на Црвена Звезда се враќа Дангубиќ.