„Откако се повлече од редовите на Алтернатива и се прогласи како независен пратеник, на врвот на својата политичка кариера пратеникот Скендер Зејд Реџепи на млада возраст ја завршува таа кариера и станува ‘политички мртовец“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својот редакциски коментар со наслов „Проблематичниот’ во Алтернатива не е повеќе дел од оваа партија – Зејд Реџепи стана политички ‘мртовец“.
„Журнал“ пишува: „Скендер Зејд Реџепи во јавноста тој беше познат како револуционер по своите говори, во кои постојано бараше промени. Но според информациите од оваа партија тој бил ракот, канцерот во нејзините редови. Реџепи беше соосновач на Движењето Беса и на Алтернатива, но не заврши во ниедна од овие партии.“
„Се шепотеше дека зад Собранието пратеникот Реџепи поставил тезга само со еден производ и со ознака на него ‘глас на пратеник’, наменето за оние на кои имаат потреба за пратеничкиот глас на Реџепи. Цената на тој производ, кој беше достапен за заинтересираните, се менуваше зависно од купувачите.“
„Пратениците се во Собранието, за да ги застапуваат интересите на граѓаните. Но оние кои ја злоупотребуваат таа привремена позиција ги губат довербата и достоинството, така што можат да примаат плата од Собранието колку што ќе им трае мандатот и ништо повеќе. Во меѓувреме губат многу, бидејќи ја злоупотребиле добербата на граѓаните, која повеќе не можат никогаш да ја повратат.“
„Пратеникот Скендер Зејд Реџепи беше препознаван надвор од Алтернатива како критички глас во неа, додека внатре во Алтернатива велат дека тој бил канцерот во партијата, бидејќи се спротивставувал на секоја одлука, која не била во согласност со неговите лични интереси. Сега во оваа партија нагласуваат дека се ослободиле од Реџепи. Дури, во јавноста често се слушаа споредби на Скендер Реџепи и Артан Груби од ДУИ, како две најнепожелни личности во политичките партии.“
„Што згрешил Зејд, па сега за да ја загуби за да ја изгуби вербата од неговата партија?“
„Во ноември лани албанските и македонските опозициски партии се договорија да ја урнат Владата на Заев и собраа 61 пратенички потпис. Но во Алтернатива се случија внатрешни ‘пукнатини’ откако Зејд Реџепи го повлече дадениот потпис под изговор дека не сака неговиот потпис да стои на ист лист хартија со потписот на Апасиев од Левица.Тој се обидуваше да си поигра со фолклорниот патетизам, но не успеа да ги изманипулира ниту јавноста ниту сопартијците, бидејќи сите разбраа оти бил фатен’ од партиите на власт и дека не се осмелил да гласа за нивното соборување од власта.“
Home Македонија „Журнал“: „За ‘политичкиот мртовец’ Реџепи се шепотеше дека зад Собранието на тезга...





