Премиерот Димитар Ковачевски е единствениот кој не се прекрсти во видеото кое го објавува Богдан Илиевски а кое е снимено за време на средбата за Отворен Балкан на која присуствуваа неколку регионални лидери.
За разлика од српскиот претседател Александар Вучиќ кој беше пред него и босанскиот претставник, претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија кој беше зад него, Ковачевски не се прекрсти.
Вообичаено, како што тоа го направија Вучиќ и Тегелтија кои се православни верници, при дочек на лепче со сол тие што го јадат парчето леб треба да се прекрстат доколку се православни верници.
Дали повторно затаил владиниот протокол и Ковачевски не бил информиран каква е традицијата или премиерот не сакал да го стори тоа засега не е јасно.
Статусот на Илиевски и видеото на овој линк





