„Журнал“: „СДСМ и ДУИ ја загубија довербата на народот и се плашат од избори – за ‘Огнената група’ Груби е непожелен“

„ДУИ и СДСМ се плашат од предвремените парламентарни избори, бидејќи ја немаат довербата од народот. СДСМ веројатно има и уште посилна причина да стравува од изборите, поради дебаклот што го доживеа на ланските локални избори, додека ВМРО ДПМНЕ се врати силно на политичката сцена. Исто така, и ДУИ не се подготвени за избори и за тоа сведочи и ‘чадот’, кој излегува и натаму од ‘Огнената група’, која води жестока битка внатре во ДУИ, прогласувајќи го Артан Груби како непожелна личност. ДУИ се соочува со повеќекратни кризи и внатре во партијата и надвор од неа. “ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својот редакциски коментар со наслов „ДУИ почна да верува во своите лаги’ – лажните сондажи се појавуваат и натаму на профилите на министрите од ДУИ.“

Инаку, овој коментар има посебна тежина и упатува своевидна порака, бидејќи го објавува информативна агенција, која е блиска до влијателната струја на внатрешнопартиски „дисиденти“ во ДУИ наречена „Огнена група“, која практично ја предводи Изет Меџити, потпретседателот на ДУИ.

„Журнал“ пишува: „Оваа есен ќе биде проследена со предвремени парламентарни избори, но колку тие избори ќе бидат демократски покажува периодот пред изборите. Најмалку шест месеци пред избори без ронка одговорност се објавуваат лажни анкети, а потоа секој министер од ДУИ ги споделува, прчејќи се со резултатите, што си ги измислил самиот. Ова е манипулирање со јавноста, но тоа покажува дека во очите на тие министри граѓанинот е ‘овца’, која не знае да ја разликува вистината од лагата.“

„Да се подготвуваш да ја бараш довербата на граѓаните, но претворајќи ги во машинерија за гласање и сметајќи дека тие не разбираат ништо, е повеќе од навреда и потценување. Министрите и пратениците на ДУИ споделија резултати од една фантомска сондажа, која воопшто не е реализирана, но тие алудираат дека таа сондажа ја спровел Македонскиот центар за меѓународна соработка. Меѓутоа, директорот на овој центар демантира дека тие направиле таква сондажа.“

„Не се оди на избори со лаги и со анкети подготвени по партиски штабови. Кој се плаши од реалноста на довербата на граѓаните, па измислува лажни анкети? Во оваа сондажа ДУИ е во предност во албанскиот кампус. Постојат сомнежи дека таквата сондажа произлегла од штабовите на ДУИ. Тоа е јасен показател дека тие се плашат од реалноста и затоа го одбрале патот на измамата, за да манипулираат со граѓаните.“

„Во ДУИ е Артан Груби познат по водењето на ‘пропагандните портали’. Сега се тврди дека тој ја измислил оваа лажна сондажа. Зачудува тоа што и покрај демантот на директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка дека тие не реализирале таква сондажа, на ѕидовите на профилите на министрите и пратениците на ДУИ истата сондажа се појавува и натаму. ‘Ова покажува дека тие почнале да веруваат во своите лаги.“

„Неодамнешните локални избори во земјава предизвикаа големи промени на политичката сцена. Владејачките партии беа ‘развластени’ и претрпеа историски загуби. СДСМ изгуби толку многу општини, што неговиот ‘револуционерен лидер’ Заев мораше да исчезне од политичката сцена. Исто така, и ДУИ доживеа историски загуби во Тетово – градот на седиштето на оваа партија. ДУИ го имаше изгубено Гостивар уште од минатите избори. Најголемата албанска партија во земјата и со најдолго време минато на власта не успеа да победи во општините, кои се најнаселени со Албанци.“

„Се плашат ли ДУИ и СДСМ од предвремените парламентарни избори?“

„Владејачките партии сметаат дека за избрани по волјата на народот и оти ја имаат неговата доверба. Но, во моментот кога се расправа да се стави на тест оваа доверба тие владејачки партии го одбиваат таквото тестирање, бидејќи се плашат, или оти ја немаат таквата доверба во целосната смисла на зборот.“

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, наследникот на Груевски, силно се врати на политичката сцена. На локалните избори лани ВМРО ДПМНЕ освои најмалку половина од 80 општини во земјата, додека владејачката партија СДСМ освои помалку од 20 општини. Резултатот претставува голема пресвртница на политичката сцена во с.Македонија, бидејќи пред четири години социјалдемократите освоија 57 општини, а ВМРО-ДПМНЕ само пет. Од ВМРО велат дека имаат повеќе градоначалници и повеќе заменици и оти затоа треба да се цени волјата на народот.“

„Со Тетово и Гостивар, најнаселените градови со Албанци, раководи албанската опозиција и ова јасно влијае врз ДУИ да се воздржи од предвремените избори, бидејќи не е подготвена како партија изборно да се натпреварува на тој терен. Внатрепартиските проблеми во ДУИ и загубата на Тетово на локалните избори се главните причини, поради кои од оваа партија не сакаат предвремени избори.“ – заклучува „Журнал“ во својот коментар.