Српскиот адвокат Срѓан Алексиќ изјави дека добил повеќе од 3.340 барања од српски граѓани кои би сакале да ја тужат НАТО-алијансата поради рак кои го добила како последица на употребата на осиромашен ураниум при бомбардирањето.



Имаме шанса пред нашиот суд во Белград и ќе ја докажеме вистината и правдата – изјави Алексиќ за Танјуг и додаде дека очекува постапката да почне наесен,пренесе Телеграф.рс

Тој додаде дека обештетувањето може да оди од 100.000, па и 300.000 евра, „имајќи ја предвид штетата што ни ја нанесоа“ и нагласи дека нашиот живот вреди колку и италијанскиот.

Алчексиќ вели дека неговиот италијански колега успешно добил повеќе од 300 правосилни пресуди и дека продолжува да победува на суд. Според него, благодарение на докторката од Торино и нејзините извештаи, биле донесени повеќе од 300 пресуди во корист на италијанските војници кои биле на Косово во тој период.

Тој е дел од мојот правен тим, ние заеднички ги застапуваме нашите граѓани, пред се војниците и полицајците кои ја бранеа нашата земја – рече Алексиќ.

Вели дека со нив контактираат и Албанци од Прешево и Бујановац каде има повеќе од два тона осиромашен ураниум. беа фрлени на Врање, од вкупно 15 тони што Алијансата призна дека ги фрлила.

Адвокатот вели дека е невозможно НАТО да се повикува на имунитет што наводно го добиле со потпишувањето на Партнерството за мир во 2005 година, бидејќи ретроактивен имунитет не постои.

„Пред судот ќе ја докажеме причинско-последичната врска, а за сите последици предизвикани од употребата на осиромашен ураниум ќе одговара НАТО пактот“ – рече Алексиќ.

Според него, фрлено било многу повеќе од бројката (на фрлени бомби сдо осиромашен ураниум) од таа што ја споменува НАТО и дека имаат намера тоа да го докажат.