Дедо со Алцхајмер ја заклал внуката – не се сеќава

Сусуму Томизава (88) пред судот во Јапонија призна дека пред две години ја убил својата внука Томоми (16), но додаде дека не се сеќава дека го сторил тоа.



Томизава има Алцхајмерова болест, прогресивно и неповратно невролошко нарушување кое ги уништува невроните. Неговите адвокати за време на судењето рекоа дека тој не треба да одговара за ова кривично дело бидејќи неговата болест предизвикува деменција, состојба која се карактеризира со повеќекратни когнитивни недостатоци како што е губењето на меморијата.

„Во моментот на инцидентот, тој не знаеше што прави поради деменција и алкохол“, велат тие.

Но, судот Фукуи не се согласи со нивните ставови. Томизава на 31 мај беше осуден на четири и пол години затвор за убиство.

Случајот шокираше многумина во Јапонија, земја со растечка постара популација со деменција, пишува CNN.