Албанскиот премиер Еди Рама се огласи со свое објаснување за несолената шега со колегата Димитар Ковачевски, кој пред германскиот канцелар Олаф Шолц во Солун го претстави како од „идната Западна Бугарија“.



„Не знаеш дали да се смееш или да плачеш поради хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја исмевав грдата блокада на Северна Македонија од Бугарија. Како кавга во меана за чадот од ќофтињата“, ги коментира Рама на Твитер жестоките реакции во македонската јавност за неговата смисла за хумор и за смеењето на Ковачевски.