Македонија има многу што да сработи, треба да работиме упорно и посветено, одговори денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференцијата во Централниот штаб, на прашање за повикот на Груевски за предвремени парламентарни избори.
Ако има вонредни парламентарни избори, уште засега ќе се знаат резултатите, рече тој.
Лидерот на СДСМ и премиер, верува дека актуелното мнозинството во Парламентот ќе расте, но дека тоа не значи преминување на пратеници од една во друга политичка партија, туку поради потребата од реформи, за интересите на граѓаните, пренесе ТВ21.
Премиерот заев, кој го оцени денешниот втор на гласање како како фер и демократски, повика ВМРО ДПМНЕ и лидерот Никола Груевски да ја преиспитаат одлуката да не ги признаат изборите.





