Сали Бериша, поранешен премиер и претседател на Албанија, го обвини актуелниот премиер Еди Рама дека е најопасен непријател на земјата – по Енвер Хоџа.
„Се соочуваме со Еди Рама кој е најопасниот непријател по Енвер Хоџа. Имаме монистички режим кој беше до 1991 година. Ништо поразличен, дури помонистички од него. Денеска целата власт, без исклучок е во рацете на Еди Рама, во рацете на еден човек, во рацете на една партија, реалност е дека Албанија е партија држава, кардинална форма на диктатура. Тука Уставот не постои – рече Бериша кој е избран за претседател на опозициската Демократска партија на Албанија.
Тој ја оцени состојбата во земјата како тешка, а за Албанците рече дека се заплашени поради што побара од локалните партиски лидери да се подготват за протести.
Бериша го обвини Рама дека соработува со српскиот претседател Александар Вучиќ на штета на Албанците и на Косово.
„Албанците денеска каде и да се му се обраќаат на Албин Курти, со неговиот заштитнички став од проект кој воспоставува чиста српска хефемонија“ – посочи Бериша мислејќи на иницијативата „Отворен Балкан”.
Тој и претходно упати остри критики во врска со одржувањето на Самитот во Охрид.
„Самитот преставува опасна алијанса за мирот и стабилноста на Балканот и има за цел создавање на српска хегемонија и руско влијание во регионот“ – изјави Бериша за одржувањето на иницијативата „Отворен Балкан“ во Охрид.







