Русија нема да ги почитува одлуките на Европскиот суд

Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша специјален закон со кој Русија веќе нема да ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).



Според законот, правилата донесени по 15 март веќе нема да важат за Русија. Европскиот суд за човекови права, лоциран во Стразбур, Франција, е дел од Советот на Европа.

Овие тела, што се независни од Европската унија, работат заедно на заштита на човековите права во 47 земји членки.

Советот на Европа, на 25 февруари, ден по инвазијата врз Украина, го суспендираше членството на Русија.

Откако Кремљ на 15 март соопшти дека ќе се повлече од членството, Русија конечно беше исфрлена од Советот на Европа. МИА