Според најновата анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ВМРО ДПМНЕ со најголема предност пред СДСМ во историјата на истражувањата на агенцијата.
Анкетата покажува досега највисока разлика во корист на ВМРО-ДПМНЕ од 6.1%, а во исто време е е идентирана многу слаба поддршка за владата.
Според анкетата ВМРО-ДПМНЕ има 20.7%, а СДСМ 14.6 % поддршка меѓу граѓаните.
Владата во првите 100 дена не ги исполнила очекувањата на 65,1% од граѓаните.
Речиси една четвртина од граѓаните (23%) целосно се разочарани од сите подрачја, додека пак незначително малцинство од 4,7% не се разочарани од ниту едно подрачје.
Граѓаните се разочарани во областа на: економија (13,9%),
здравство (10,6%),
надворешните работи и дипломатија
(8,5%) правда (8,2%).
Мнозинството граѓани (63,7%) немаат доверба во владата.
Околу половина граѓани (51,8%) веруваат дека земјата се движи во погрешна насока.
Најважните проблеми со кои се соочува земјата се сиромаштијата и невработеноста (30%) и корупцијата и криминалот (25,9%). Во низата на проблеми со кои се соочува земјата потоа следуваат економската ситуација (13,9%) и иселувањето на младите (13,5%).
Мнозинство граѓани (55,1%) веруваат дека економијата ќе се влоши во следните две години.
Предходно и во анкетата на ИПСОС и ИПИС ВМРО-ДПМНЕ беше во огромна предност пред СДСМ.
М-Проспект во периодот од 03.05.2022 до 13.05.2022 спроведе телефонско истражување (CATI) со цел испитување на јавното мислење за довербата во Владата, ставови за работата на Владата во првите 100 дена.
Анкетата е спроведена на национално репрезентативен примерок од 1.005 испитаници. Примерокот е двофазен стратификуван, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност и место на живеење. Анкетираните се лица над 18 години, граѓани на Република Северна Македонија. Анкетата се спроведувала на македонски и албански јазик.
Сите резултати се подложни на статистичка грешка од ±3,1% со прифатливо ниво доверба.
Сите податоци на овој линк на МЦМС






