Во Франција денеска се одржува првиот керуг од парламентарните избори, но составот на . новиот парламент ќе биде познат дури по вториот круг кој се одржува на 19 јуни.
За 577 места во парламентот пријавени се 6.293 кандидати.
Гласањето е важен тест за претседателот Емануел Макрон, кој сака да го повтори успехот од претседателските избори во април, кога ја победи крајнодесничарката Марин Ле Пен и обезбеди втор петгодишен мандат.
Макрон и центристичката алијанса мора да освојат 289 места за да го задржат вкупното мнозинство.
Ако тоа се случи, тој ќе може да продолжи да владее како досега и да ја спроведува својата реформска агенда, особено во однос на пензиите.






