Умејр Муамеди, 22-годишен правник од Скопје, повторно го привлече вниманието на македонската јавност со свој став за актуелна политичка тема, овојпат за несолената шега од албанскиот премиер Еди Рама кон неговиот македонски колега Димитар Ковачевски.



„Еди Рама скоро на секој настан се поигрува со Димитар Ковачевски. На последниот настан на канцеларот Шолц вперејќи прст кон Ковачевски му вика ‘future West Bulgaria’. Таче можеби не е добар премиер, ама каков и да е, тој ја претставува Македонија, тој нè претставува сите нас. Еди Рама додека се поигрува со него, се поигрува со сите нас.

Недозволиво е потчинувањето кон премиер на земја со 5 пати помал извоз од Македонија.

Еди Рама ТРЕБА ДА БИДЕ ПРОГЛАСЕН ЗА ПЕРСОНА НОН ГРАТА.

А ако не се случи ова, Таче треба да си поднесе оставка за да не нè понижува повеќе“, објави Муамеди на Фејсбук.