Политичкиот аналитичар кој јавно призна дека на негово барање СДСМ му ја вработиле сопругата во државна фирма ја брани реакцијата на Ковачевски кога албанскиот премиер го претстави како иден премиер на Западна Бугарија.
Ненад Јовановиќ го обвинува членовите на ВМРО-ДПМНЕ дека погрешно ја претставуваат изјавата на Рама.
,,Вмровциве ја извртуваат изјавата на Рама, на начин што е навредлив за нас. Сите што го познаваат Еди Рама, а за тоа ви сведочам лично од Отворен Балкан во Охрид: покрај што е политичар, Рама е и голем заебант, непосреден човек. Тоа го знаат сите, од Брисел до Шангај и назад”, вели еден од најголемите апологети на СДСМ.
Тој тврди дека албанскиот премиер работел ментални гигахерци кои не можат да го разберат сите.
Предходно обвинител посочи дека Ковачевски со молкот на навредата од Рама направил повеќе кривични дела против државата Македонија.
Обвинител: Со ,,кезењето” за Западна Бугарија Ковачевски сторил кривични дела





