Мјузиклот направен за животот на Тина Тарнер премиерно ќе биде претставен следната година во Лондон во театарот Aldwych, пренесуваат британските медиуми. Од 2010 година пејачката ужива во пензија во Швајцарија, а за реализација на мјузиклот повремено ќе престојува во Лондон, каде што ќе и биде ментор на младата американска актерка Адријана Ворен, пишува BBC.



„Иако јас не го сакав ова, добив многу писма од фановите по што морав, барем на кратко, да се вратам“, изјави Тина за новинарите.
„Продуцентите ме извлекоа од пензија и сега сум многу возбудена што сум дел од ова“ вели музичката икона.

Работата на музиклот е во полн замав и во него ќе се зборува за доброто и злото во животот на познатата ѕвезда. Мјузиклот е приказна за животот на Тина, од нејзиното детство, бракот со Ајк Тарнер и нејзиниот животот денеска во Швајцарија, а голем дел од претставата е посветен на нејзината музичка кариера.

Музички режисер е Филида Лојд, мулти-наградувана режисерка на мјузиклот „Мама миа”. Таа тврди дека ќе ја претстави светската музичка легенда исто како и нејзината песна „Едноставно најдобро“ .Премиерата треба да се одржи во април, под наслов „Тина“ во лондонскиот театар Aldwych.