Со премолчувањето (и неконтролираното смеење што народот го нарекува ,,кезење”) на навредата од албанскиот премиер Еди Рама кој го претстави Ковачевски како премиер на Западна Бугарија првиот човек на СДСМ и владата направил повеќе дела кои се казниви со Кривичниот законик.
Ова го открива јавниот обвинител од Охрид Војо Димоски.
,,Не може во наше име, со Бугарија да преговара некој што се смее ѓоа недоветен кога земјата му ја нарекуваат “Западна Бугарија”!
п.с. Разбудете го кандидатон за уставен судија и кажете му да прочепка по КЗ. Кога успеа да најде кривично дело што се гони по службена должност кај Ламбета, за Ќурка ќе најде десет!
Ако не му текнува, нека ми титне, јас ќе му кажам”, пишува Димоски кој не открива кои се делата по кои државниот обвинител Љубомир Јовески може да го гони премиерот Ковачевски.






