Украинскиот претседател Зеленски порача дека исходот од војната во Украина нема да влијае само за оваа земја туку и на идниот меѓународниот поредок, објави Ројтерс.
Украина ги повика западните земји да го забрзаат снабдувањето со оружје бидејќи подобро вооружените руски сили го напаѓаат источниот дел од земјата, но и поголема хуманитарна поддршка за борба против опасности од епидемии на смртоносни болести.
Земјата се обидува да ги избрка Русите од областите што ги контролира од почетокот на војната и се брани од жестоки руски напади во источниот дел на локацијата, особено околу градот Северодонецк, рече Зеленски.
„Благодарен сум за вашата поддршка… но оваа поддршка не е само за Украина, туку и за вас“, рече тој.






