Бајден: Зеленски не сакаше да слуша!

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговиот украински колега, Володимир Зеленски, „не сакал да ги слушне“ предупредувањата на САД пред руската инвазија на неговата земја, пренесе Би-Би-Си.



„Знам дека многу луѓе мислеа дека претерувам“, рече Бајден во врска со неговото предупредување за можноста од руски напад.

„Но, знаев дека имаме податоци…немаше сомневање дека рускиот претседател Владимир Путин „ќе влезе во границите на Украина“ и „Зеленски не сакаше да го слушне тоа, ниту многу луѓе“.