Бугарија увезува скап течен природен гас и покрај гаранциите од владата на Кирил Петков, објави БГНЕС.



Увидот на БГНЕС покажува дека цената на течниот гас од САД во јуни до бугарската граница изнесува 87.482 долари/мегават-час или 82,69 евра за мегават-час.

Во исто време, цената на гасот според формулата на договорот на Булгаргаз со Гаспром експорт за јуни 2022 година е 74,16 евра/мегават-час.

Тоа значи дека течниот природен гас во земјава пристигнува за 8,53 евра/мегават-час поскап или 11,50% поскап од гасот од Гаспром во јуни.

Овие податоци ги демантираат тврдењата на премиерот Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова, кои за неполни 12 часа дадоа различни изјави за вредноста на природниот гас.

Утрото на 15 мај, Бориславова рече: „Цените ќе бидат 3 или 4 пати пониски од оние на Гаспром. А вечерта премиерот корегираше дека цената на гасот од САД ќе биде еднаква на онаа на рускиот монополист.

„За мене беше важно цената да биде еднаква или подобра од онаа на Гаспром“, рече тогаш Петков.

Петков: Американскиот гас е 4 пати поевтин од гасот во Европа

Излегува дека цената не е еднаква, па дури е и поскапа.

Друго прашање кое никогаш не доби задоволителен одговор, иако не треба да има ништо тајно, е каде ќе се истоварат двата танкери со ЛНГ, кои ги договорил Петков , кој само ги објави датумите на нивното пристигнување, на 8 и 23 јуни.

Оттогаш, власта молчи како „ комунист на распит“ по ова прашање.

Се претпоставуваше дека „синото гориво“ ќе влезе во нашата земја преку Грција…

Всушност, ЛНГ доаѓа во Бугарија преку Турција по прилично сложена шема, која повеќе се однесува на посредување.

Според БГНЕС, „Булгаргаз“ го продава гасот (од Америка) на турската компанија БОТАШ, а БОТАШ го транспортира преку турскиот систем и го продава на „Булгаргаз“…