ВМРО-ДПМНЕ ќе бара правда во Стразбур

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најави дека ќе бара правда пред Апелациониот суд, но и во Стразбур, доколку не промени првостепената одлука да бидат одземени триесетина штабови меѓу кои и главнотои седиште на партијата во центарот на Скопје.



Според него, рокот за да се води постапка за овој предмет е истечен, бидејќи бил доставен од страна на СЈО, по законскиот рок кој ова обвинителство го имаше за истраги и поднесување на обвиненија.

Судската одлука да се одземе само зградата, а не и земјиштето за него е спорна, исто како што го спори и фактот што се одзема само делот на ВМРО-ДПМНЕ, а не и зградата на ДГ Бетон, на чие место треба да се изгради зграда.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обвинува и дека судот немал надлежност да го поништи договорот помеѓу партијата и Бетон, но и дека се конфискувал имотот без да биде направено супервештачење.

Посочи и дека во предметот обвинети биле единствено избеганиот експремиер Никола Груевски и поранешниот партиски генерален секретар, Кирил Божиновски, а не и самата партија, чиј имот е одземен.