Србија ќе даде три милиони евра помош за Украина

Српската влада ќе испрати 3 милиони евра хуманитарна помош за децата и бегалците од Украина.



За поддршка на украинските деца ќе бидат издвоени 1,5 милиони евра, а парите ќе бидат исплатени преку УНИЦЕФ.

Истата сума е предвидена и за бегалците. Во овој случај, парите ќе се исплаќаат преку механизмот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци.

Иако Србија традиционално се смета за земја во руската орбита, официјален Белград ја осуди војната на Русија против Украина.