Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ21 порачува дека граѓаните јасно можат да видат како работи СДСМ во централната власт а како работи ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво.
Од изјавата се добива впечаток дека Лукаревски се фали со тоа што СДСМ го прави на државно ниво.
На тема пресудата во предметот Талир-2 Лукаровска нагласува дека не би коментирала судски одлуки, но СДСМ се борела против партизирано судство, сваровски судство, кое се базирало на тефтерчиња.
Во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, Лукаревска порача дека дефокусирање за нешто поспецифично не е типично за владата на СДСМ, туку тоа така било претходно.
,,За активната блокада на опозицијата, заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска смета дека блокадата нема никому да донесе добро, никој не сака да види собрание кое дневен ред гласа до 3 часто по полноќ.
Ако се блокира ребаланост на буџетот тоа значи дека нема да може да се реалзираат мерки кои ќе значат справување со кризата, во процедура се битни закони, кои не би требало да бидат жртва на блокада, истакна Лукаревска, додавајќи дека граѓаните гледаат како работи централната власт на СДСМ, а како локалната на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа рече дека ако опозицијата смета дека тоа е сегмент на нивното делување тогаш може да го прават тоа, ама граѓаните потоа ќе судат на избори кои ќе бидат редови во 2024 година, што е конзистентен став на владеачката коалиција.
Проритет на сите политички субјекти треба да биде решавање на кризата и изнаоѓање на добробит за граѓаните. Независно кој од која политичка партија е, треба да покажеме дека имаме доблест и слух за решавање проблемите, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ21″, се вели во соопштението од СДСМ.
Целото соопштение овде





