Спортмедиа: Екипата на премиерот предизвика инцидент на Филип 2 (ФОТО)

Мизерен инцидент откако вечерва на мечот Македонија – Грузија обезбедувањето на премиерот Димитар Ковачевски кој бил со неколку функционери на СДСМ како Петре Шилегов, Миле Зечевиќ, Дарко Каевски предизвикало инцидент и избркало неколку македонски спортски легенди.



Ова го јавува Спортмедиа од стадионот Филип Втори Македонски.

,,Нема ништо лошо во тоа, секој кој сака е добредојден на стадион кога треба да се бодри националниот тим и спортот во нашата земја.

Но се случи мизерна, подла, срамна слика… Обезбедувањето на премиерот и неговите сопартијци ги дигнаа од своите места легендите на мак-фудбалот кои на покана на ФФМ беа гости на овој меч. Па така на местата каде што седеа Александар Васоски, Николче Новески, Гоце Седлоски, Љупчо Марковски, Неџмедин Мемеди и останатите седнаа „главните“ легенди на мак-фудбалот”, пишува Спортмедиа.

Повеќе детали на Спортмедиа (ФОТО)