„Ние го политизираме вашиот политички криминал, кој им донесува на граѓаните смрт и трагедија и ќе се бориме да ги деполитизираме институциите, кои вие ги криминализиравте.“ – реагираше лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села преку фејсбук во својата објава со наслов „Ги видовте ли денес кукавиците?“, поради тоа што не се расветлуваат трагедиите во Бугарија и Тетово и со оглед дека пратениците на СДСМ и ДУИ денеска не беа присутни на седницата на комисија во Собранието. На таа седница требаше да се расправа за автобуската несреќа во Бугарија и пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово.“ – објавија информативниот портал „ин7“ и други медиуми на албански јазик.
„Ин 7“ ја пренесува исцело објавата на Села на фејсбук: „За сето време тие го повикуваат обвинителството да ги истражи тие криминални дела, но самите попречуваат секој чекор, што води кон истрагата. Со месеци ги кријат вистината и виновниците за трагедиите во Тетово и Бугарија.“
„Денеска исчезнаа од Собранието и не сметаа дека е човечно да расправаат за причините за трагедиите. Единственото што слушнавме за овие две трагедии е ‘Не ги политизирај случаите!’ И покрај десетиците жртви од двете трагедии и стотици други како последица на нивниот криминал и корупција, утовите се загрижија и се растажија само за својот рејтинг и за своите политички поени.“
„Да, ние го политизираме вашиот политички криминал, кој им донесува на граѓаните смрт и трагедија и ќе се бориме да ги деполитизираме институциите, кои вие ги криминализиравте.“ – им порача преку фејсбук лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на СДСМ и ДУИ и на нивните пратеници во собранието на Македонија.





