Професорката Катерина Колозова реагира на нивото на дигитализација на јавната администрација при издавање документи на граѓаните.
Таа раскажува личен поразителен пример.
,,Дигитализација во ера на овој Премиер (кој и да е човекот): на сајт на владина институција, од оние најдигитализираните демек, УЈП, пишува- „поднеси барање онлајн“, поднесуваш – ти викаат „дојди пешки со печат-потпис (онаков обичен, дигитален не признаваат- и кога викам дигитален мислсм на КИБС електронски, не ПДФ) и штембил“, па после „по 7 дена МИНИМУМ, ќе ти издадеме банална потврда за нешто што и онака е во системот.“
Два чекора напред-три назад.
Да му се плукнам на земјичево никакво.
ЕУ-ШМЕУ, не не ни требало – ние не му требаме – РУПЕТИНА ПРИМИТИВНА, не заслужуваме да не примат никаде, ни во треторазредните а не второразредните земји. Тие податоци се јавни во Естонија и секој за секоја фирма може сам да ги симне од сајт на ЦР, се’ е ЈАВНО (баш затоа што е дигитално)”, пишува Колозова за состојбата со македонската дигитализација.
Фото ФБ профил на професорката






