Снопче: „ДУИ и СДСМ бегаат од вистината за трагедиите со автобусот во Бугарија и ковид-болницата во Тетово!“

„Пратениците на СДСМ и ДУИ денеска не се појавија на седницата на собраниската Комисија за заштита на правата на граѓаните. Во Комисијата требаше да се расправа за случајот со автобуската несреќа на ‘Беса транс’ во Бугарија во јануари годинава кога загинаа 45 граѓани, и за пожарот во тетовската болница во септември минатата година, кога изгореа 14 граѓани. Претседателот на оваа комисија пратеникот на опозициската Алијанса на Албанците Халил Снопче ги обвини пратениците од парламентарното мнозинство дека бегаат од вистината за овие трагедии и оти не сакаат да се разговара за тоа.“ – објави информативниот портал на албански јазик „ин7“.