Непрофитната хуманитарна организација која им помага на сиромашните и гладни граѓани на Македонија, ја награди компанијата Витаминка како општествено одговорна компанија.
Наградата ѕвездена статуетка и титула „Sвезда против ковид-19“ е за помошта од компанијата во храна наменета за поединци и семејства кои се во социјален ризик, особено во време на пандемијата од ковид-19.

Наградата беше врачена на манифестацијата организирана од Банка за храна по повод остварувањата и наградување за сите општествено одговорни поединци, субјекти и институции во битката со ковид-19.





