Мал авион влегол во воздушниот простор на Бугарија, соопшти Министерството за одбрана.
Авионот полетал од Унгарија и летал низ Србија и Романија без одобрен план за летање. Во унгарскиот воздушен простор бил придружуван од унгарски ловци, а во Романија со романски и американски Ф-16 со седиште во воздухопловната база Фетес.
Ловците цело време го придружувале авионот натрапник.
При влегувањето во Бугарија под сложени хидрометеоролошки услови, беше активирано воздухопловството.
Утврдено е дека авионот слетал во Бугарија и со асистенција на МВР е лоцирано местото на слетување.







