Макрадули со џип од 40 илјади евра во периодот на скандалот за кој Зекири е во притвор (ДОКУМЕНТ)

Луксузниот џип BMW X1 стои во имотниот лист на екс директорот на Македонски Пошти Јани Макрадули.



Според пријавата до Антикорупциската комисија џипот е купен лани, во годината кога се вршеле криминални дејствија од случајот ,,Приватизација на Македонска пошта” за кој во притвор се наоѓа екс генералниот секретар на владата Мухамед Зекири.

Ова го открива новинарот Горан Момироски во вчерашната емисија Заспиј ако можеш на ТВ Алфа.

Зекири се сомничи дека незаконски нарачал и платил експертиза-студија за приватизација на Македонска пошта на хрватски експерти во вредност од 940 илјади евра.

Макрадули кој е сменет од функцијата прв човек на Македонска пошта веднаш по приведувањето на Зекири беше експресно сменет од владата но не беше предмет на прогон од обвинителството ниту беше притворен иако тој заедно со уште двајца владини министри бил целосно информиран за активностите на Зекири.

Од кои пари Макрадули го купил луксузниот џип ќе треба да докажува допрва но доколку нема соодветно објаснување за потеклото на речиси 40 илјади евра со кои е платено скапото возило Обвинителството ќе има полни раце работа да утврди дали и директорот на ,,Пошта” е дел од шемата за која Зекири е веќе во притвор.

Според имотниот лист за набавка на луксузното возило Макрадули не ги трошел заштедите а има и кредит од 12 илјади евра.

Видеото каде е објавено дека Макрадули купил скап џип

https://www.facebook.com/AlfaTelevizijaMk/videos/2266650400154187/