ЕХФ за повлекувањето на Лазаров: Ќе ни недостигаш легендо

Европската ракометна федерација (ЕХФ) со неколку објави на официјалниот налог на својата Лига на шампионите го одбележа крајот на играчката кариера на македонскиот великан Кирил Лазаров.



„Најмоќниот левучар во ЕХФ Лигата на шампионите. Најдобар стрелец во натпреварувањето. Чист талент во кој можевме да уживаме 25 години. Се повлече на 42 години, големиот Кирил Лазаров. Ќе ни недостигаш легендо“.

„Дваесет години играње во ЛШ, оставајќи ни голови како овој. Ќе ни недостигаш кралу Лазаров!“

„Легендите се засекогаш. Благодариме за сè Киро!

Како ќе го запаметите Кирил Лазаров?

1.482 гола на 252 меча во ЕХФ Лигата на шампионите“.