Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов стави крај на „агонијата“ и на коалицијата – ги повлекува министрите од владата, јавуваат бугарски медиуми.
Ова го изјави Трифонов во вонредна изјава, која традиционално ја даде на сопствената телевизија и на својот Фејсбук профил.
„Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е место во неа – Северна Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата“, рече Трифонов.
Според него, покрај напуштањето на националните интереси, министрите на „Продолжуваме со промената“ ја водат државата кон банкрот.
„Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика од онаа на министерот за надворешни работи и Советот за национална безбедност.
Што се однесува до буџетот – Асен Василев, откако е министер за финансии, милијарди летаат горе-долу во државата, тоа се наши пари, рече Трифонов.
Тој истакна дека не е јасно за што е потрошена најголемата сума во историјата на Бугарија – 9 милијарди лева за девет дена во декември 2021 година.
Владината коалиција има четири партии – Продолжуваме со промените, Бугарската социјалистичка партија, Има таков народ и Демократска Бугарија.







