Петков: Европа почна да го разбира проблемот на Бугарија со Македонија

Запрашан дали е потребна интервенција на францускиот претседател Емануел Макрон, кој изрази подготвеност да организира средба меѓу Софија и Скопје за да се обезбеди почитување на договорот за соседство, премиерот Кирил Петков денеска рече дека Европа почнала да го разбира проблемот што го има Бугарија со Македонија.



Макрон спремен да ги пречека лидерите на Бугарија и Македонија во Париз

„Многу сум задоволен од нашите разговори.

Европа конечно целосно го разбра ова прашање и сака да помогне во одржувањето на нашата јасна позиција. Пред да се постигне генерален договор, мораше да има јасни гаранции за заштита на правата на Бугарите во РСМ.

Во моментов Макрон се обидува да види дали ЕУ може да биде гарант на барањата кои бугарската држава ги поставува веќе подолго време, објасни Кирил Петков, пренесоа медиуми.