Нема да ѝ даваме оружје на Украина, доста направивме, вели Патков

Бугарија нема да и дава оружје на Украина, како што побара вчера амбасадорот на Украина во Софија, Виталиј Москаленко.



„ Имаме одлука на парламентот, првата украинска воена опрема за поправка доаѓа во нашата земја, ги поддржуваме украинските бегалци на наша територија, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков.

„Тоа што го ветивме, ќе го направиме“, изјави Петков одговарајќи на прашање дали Бугарија ќе и даде оружје на Украина. Тој изрази незадоволство што на секои две недели постојано се покренува тема.

„Со сите мерки со кои ги поддржавме санкциите кон Русија, бугарската држава направи доволно“, рече Петков.