До 5 години затвор за предизвикувачот на пожарот во бугарскиот клуб со фашистичко име

Од минимални 6 месеци до максимални 5 години е затворската казна која може да ја добие предизвикувачот на пожарот во бугарскиот клуб во Битола кој го носи името на фашистичкиот соработник на Хитлер и Мусолини.



Човекот кој со бензин ја полесно ја запалил влезната врата од клубот Ванчо Михајлов од страна на истражните органи се гони за кривичното дело ,,Предизвикување на општа опансност” според членот 288 од Кривичниот законик.

МВР засега не излегува со информации кој е сторителот иако на камери во близина на клубот и на други камери во Битола било видено лице кое ја пали вратата од објектот а во градот биле направени и претреси во приватен дом.

Поврзана вест

Бугарскиот претседател направил профил на човекот што го запалил ,,Ванчо Михајлов”

Радев и се пожалил на Донфрид за палењето на клубот кој носи име на фашистички соработник