Англискиот ќе стане јазик за бизнис-комуникација во Украина

Англискиот може да добие статус на јазик за деловна комуникација во Украина, а Владата веќе работи на соодветната законска иницијатива, соопшти украинскиот премиер Денис Шмигал, пренесува Укринформ.



Според Шмигал, англискиот во моментов се користи во деловната комуникација низ цивилизираниот свет, така што добивањето таков статус во Украина ќе го поттикне развојот на бизнисот и ќе помогне да се привлечат инвестиции и да се забрза интеграцијата на Украина во Европската унија (ЕУ).

„министерства се задолжени за обработка на предлозите и подготовка на соодветните документи“, рече Шмигал.