Британска авторка пред 105 години: Македонците не се Бугари

Британската авторка и патеписец Винифред Гордон напишала книга во 1917 година за нејзината посета на Балканот во која сведочи дека терминот „бугари“ за Македонците е наметнат политички назив.



Гордон била истакнат општественик и член на Кралското географско друштво. Авторка е на неколку книги, меѓу кои „Романија вчера и денес“, „Една жена на Балканот“, „Еха и реалности.“

Во книгата „Една жена на Балканот“, Гордон пишува:

– „Многумина сметаат дека влегувањето на Бугарија во европската војна на страната на Централните сили се должи целосно на автократското владеење и на амбициозните лукави шеми на нејзиниот тевтонски владетел, како и на тоа дека тој не го земал предвид гласот на народот кога донел одлука да се здружи со нивниот непријател и угнетувач, Турчинот, а Бугарите да се борат против нивната ослободителка Русија.

Но ова не е факт, немајте никакво соменвање во тоа. Бугарскиот народ, со мали исклучоци, цврсто стои на позицијата да граба и да се шири. Во неговата сурова природа нема место за никаква благодарност спрема земјата која му ја подари слободата [Русија].

Единственото нешто што Бугарите го разбираат е материјалната добивка и доколку видат нешто во рацете на другиот, тие само му завидуваат и го посакуваат тоа.

Тие не поддржуваат идеали за каузата на човештвото или за постигнување напредок. Таквите нешта не спаѓаат во опсегот на нивното разбирање.

Тие се едно со нивниот господар, Кобургот, во заедничкиот дух на грабежот, кој тој го наследил од своите предци Хуните, а Бугарите пак од нивните предци – Татарите.

Скоро половина од бугарската раса е од овој Бугарски Татарски вид, и тој сè уште опстојува, така што човек лесно може да го разбере латентното дивјаштво, упорноста и материјализмот во нивниот национален карактер.

Можно е да се повлече линија на картата, почнувајќи од Ќустендил до Ихтиман, источно од Софија, а оттаму на север до Дунав паралелно со српската граница, која покажува дека целиот источен дел на Бугарија е населен со овој вид народ.

Човек cè уште може да ги види крактеристичните особини, високо поставените јагодични коски на лицето, жолтата боја на кожата, виолетово-розовите образи и сјајната црна коса и бради, кои го означуваат овој вид луѓе во областите источно од Софија и на патот кон Дунав.

Западниот дел од оваа имагинарна линија на мапата е целосно словенски. Бугарот таму е Словен по тип, темперамент и наследство. Всушност, тој е толку е Словен што последниве 40 години бугарските учители, од српската граница сè до самата Софија, се труделе, иако залудно, да ги учат децата на службеникот бугарски јазик. …

Македонија, земјата за која Бугарија толку долго правеше интриги и ја пикираше за да ја освои, е населена со Словенската раса. Вистина, таму има многу Бугари кои емигрирале и се населиле минатиот век, а има и многу застрашувачки групи на бугарски комити кои го заслужиле лошиот углед што го имаат.

Но, Бугарија само двапати ја окупирала Македонија и тоа вкупно 124 години во времетраење oд 12 века.

Во минатото имало историчари и патешественици кои што Македонците ги нарекле Бугари и поборниците на оваа теза аргументирале во прилог на употребата на тој термин.

Но тој метод Македонците да ги нарекуваат Бугари е само реликвија од 10 век, кога Македонија била окупирана од Бугарија.

Нејзините жители биле Словени, кои тогаш не организирале држава со сопственото национално име, и биле познати само по името на регионот во кој живеат, а биле нарекувани Бугари од хроничарите во минатото.

Меѓутоа, овој термин има само политичко, а не етнолошко значење. Тоа термин беше неселективно применет на сите поданици на старо бугарското царство, и на никој начин не ја означуваше нивната вистинска националност. …“

ИЗВОР: Mrs. Will Gordon, F.R.G.S. (Winifred Gordon), “A Woman in the Balkans,” London, Edinburgh, and New York, 1917, pgs. 114-115.

Извор