ДНР: Украинската армија запали тони пченица и пченка во Мариупол!?

Украинската армија при повлекување запали тони жито во магацините на пристаништето Мариупол.



Ова за РИА Новости го изјави советникот на лидерот на Доњецката Народна Република (ДНР) Јан Гагин.

Тој истакна дека во пристаништето има многу пченка и пченица, но сега најголемиот дел од житото е неупотребливо.

„Ова се должи на фактот што непријателот, повлекувајќи се од пристаништето, ги запали амбарите, за ДНР да не го користи ова жито…’ рече Гагин.

Деновиве, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не поставува никакви услови за извоз на жито од украинските пристаништа.

Русија и Украина заедно обезбедуваат повеќе од една четвртина од светските житарки, како и други важни основни прехранбени производи, како што е сончогледовото масло.