Откриен нов коронавирус меѓу глодари во Шведска, му дадоа и име!?

Научниците во Шведска открија нов корнавирус на шумски глодар, кој го нарекоа вирус Гримсо, според местото на откривање.



Како штопренесува „Индекс.хр, лилјаците не се единствените диви животни кои пренесуваат нови коронавируси, туку исто така и глодарите.

Научниците открија широко распространет и вообичаен коронавирус кај глодарот (Myodes glareolus).

Засега не е познато дали новооткриениот вирус на кој било начин е опасен за луѓето. Сепак, ова е добар потсетник дека е добро да се следат вирусите на дивиот свет, особено оние кои ги пренесуваат животните кои живеат во наша непосредна близина, пишува Science Alert.