Рафаел Надал со 3-0 и само шест загубени гејма го совлада Каспер Руд во финалето на Ролан Гарос и го освои овој турнир по 14. пат, тоа беше негова 22. грен-слем титула, сега има две повеќе од Ѓоковиќ и Федерер.
Денешното финале беше едно од најнеинтересните бидејќи Надал беше пресилен за Руд. Победи со 6-3, 6-3 и 6-0.
За Надал ова беше 22. грен-слем титула, сега има две повеќе од Ѓоковиќ и Федерер.
Поради повредата на стопалото која ја влече од поодамна, Надал рече дека ова можеби му е и последен настап на Ролан Гарос, но конечната одлука ќе зависи од неговата здравствена состојба.





