МИА пренесува прослава на ДУИ само на албански јазик без превод на македонски (ВИДЕО)

Македонската информативна агенција која владата по Преспанскиот договор иако не мораше ја преименува во Медиумска информативна агенција денеска во живо пренесува партиска прослава на ДУИ без превод на македонски јазик.



Со тоа менаџментот на МИА и генералниот директор Драган Антоновски прават тешка повреда на правото на информирање на Македонците и другите заедници во Македонија кои не го знаат албанскиот јазик.

МИА е акционерско друштво во владина сопственост а владата ги именува и членовите на Управниот и Надзорниот одбор кои го именуваат и директорот кој веќе пет години по доаѓање на власт на СДСМ е екс новинарот Драган Антоновски.

Преносот само на албански јазик од прославата на ДУИ се случува два дена откако на концерт организиран во чест на 20 години од формирањето на партијата со нож беа прободени 3 лица.

Линк до преносот во живо

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=749834636462409&id=359477174168894