Трошоците за реставрација на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола, откако вчера му беше опожарена влезната врата, ќе ги покријат д-р Милен Врабевски и негова основана фондација „Бугарска меморија“, јавија бугарски медиуми.
Од пожарот нанесена е материјална штета на фасадата на домот за култура, кој беше отворен пред речиси два месеци со финансиска помош од Врабевски, соопштија од организацијата.
Генчовска: Нема пожар во односите Софија-Скопје
Фондацијата „Бугарска меморија“ го осудува чинот на агресија и инсистира на навремена акција на институциите за пронаоѓање на виновниците.
Фондацијата забележува и дека Врабевски со години финансиски ги поддржува активностите на Центарот за култура „Иван Михаилов“.
„Ние сме разочарани од овој вандалски чин. По него не можеме да кажеме дека се почитуваат човековите права во Република Северна Македонија. Сепак, центарот за култура нема да престане да работи, напротив – продолжуваме уште посилно да се бориме за права на бугарскиот народ.заедница во Македонија“ изјави Георги Царномаров од Центарот за култура „Иван Михаилов“.







