Темата Северна Македонија е тема на која Бугарија водеше неколку војни и доживеа национални катастрофи. Ова за БНР го изјави социологот и политички аналитичар на Галуп, Парван Симеонов.
Според него, најмалку што може да направи оваа тема е да ја урне бугарската влада.
Парванов истакна дека оваа тема собори многу влади во минатото, пренесува ЊУЗ.бг
„Ако владата не инсистира на прашањето со Македонија, бидејќи нема напредок од страна на С. Македонија и не можеме да му објасниме на нашиот народ дека Бугарија мора да направи компромис, било да е тоа поради војната во Украина… би можела да остане на власт“, рече тој.
Според социологот, прашањето за РСМ е шанса оваа власт да покаже карактер. Во спротивно, бугарското општество би доживеало понижување и траума.
Прванов е дециден дека продолжувањето на мандатот на оваа влада е во корист на ГЕРБ.
„Борисов …нема интерес да дојде на власт во овој момент бидејќи моментот е тежок.
Борисов сам ќе чека плодот да падне од дрвото“, нагласи социологот, додавајќи дека најважен интерес на Борисов е да ги поправи односите со западните партнери.







