Германскиот Бундестаг донесе одлука за зголемување на минималната саатнина на 12 евра од октомври годинава и од неа полза ќе имаат околу 6,2 милиони вработени.
Таа сега изнесува 9,82 евра бруто и од 1 јули треба да порасне на 10,45 евра, за од 1 октомври да достигне 12.
Според министерот за труд Хубертус Хајл, зголемувањето ќе значи 400 евра повеќе месечно за работниците со месечен приход до 1.700 евра.
Со минимална плата од 1.621 евро на 1 јануари годинава, Германија беше петта во Европската унија по Луксембург со 2.257, Ирска со 1.775, Холандија со 1.725 и Белгија со 1.658.
Најмал минималец во ЕУ има Бугарија од 332 евра.





