Прав и пепел: Бугаринот казнет за нацистички поздрав во ЕП и се закани на Македонија

Пратеникот во Европскиот Парламент Ангел Џамбаски кој беше осуден за користење на нацистичкиот поздрав ,,Хајл Хитлер” се закани дека ако Пендаровски, Ковачевски и Османи не го осудат пожарот во ,,Ванчо Михајлов” добрососедството меѓу Софија и Скопје ќе биде прашина и пепел.



,,Монструозна измама! Резултат на незапирливиот јазик на омраза кон Бугарите и се што е бугарско. Очекувам @SPendarovski, @Bujar_O и @DKovachevski да го осудат овој срамен чин доколку воопшто сакаат да продолжат со каков било дијалог. Ако не, ќе биде јасно дека добрососедството е веќе прашина и пепел”, пишува европратеникот казнет за нацистички поздрав.

Во моментот кога Џамбаски ја објави пораката Пендаровски и Османи веќе беше го осудиле инцидентот за што Европратеникот сигурно знаел.

Џамбаски не одговара на прашањето каде бил за време на палењето на бугарскиот клуб во Битола поставено во коментар на неговиот твит.