„Денес го испратив последниот внук од семејството во Германија. Лекар по професија.“ – вели Беким Ќоку, активист на граѓанското општество од струшко-охридскиот регион, во својата објава, која ја пренесоа информативната агенција ИНА и други медиуми на албански јазик.
Ќоку пишува: „Пред него избега и брат му, специјалист за информатичка технологија. Тој веќе има договор за работа во фабриката на ‘БМВ’ во Баварија, во Германија.“
„Од 12-те внуки и внуци од потесното семејство, со заминувањето на Јетон денес, не остана ниеден од нив во Македонија.“
„Болката е голема, бидејќи се обвинувам и себеси за оваа злосреќна ситуација, за оваа црна судбина на земјата. Не знам до каде ќе оди границата на очајот во оваа земја.“





